Од ова кафуле Ковид-19 ‘замина’ на 5 континенти – австрискиот ски центар бил расадник на вирусот во 55 земји!

Во австрискиот скијачки центар Ишгл, од коронавирусот се заразиле скијачи од пет континенти во светот.

Здружението за заштита на потрошувачи на Австрија, кое што најавило колективна тужба, изјавило дека досега 5.384 луѓе од 55 земји тврдат дека се заразиле во Ишгл и во помала мера во уште два други скијачки центри, Тирол Сант Антон и Селден.

Поголемиот дел од нив од Германија – 3680 луѓе, потоа следат Холандија со 526, Велика Британија со 152, Белгија со 151, Швајцарија со 133 и Данска со 82.

Од Австрија кон тужбата се приклучуваат и 203 луѓе од САД.

Документирани се и случаи од сите страни на светот, од Бразил, Сингапур, Зимбабве, Австралија и Камбоџа.

Според пишувањето на виенскиот неделен весник „Profil“, тие бројки не се ‘преувеличени’, туку прикажуваат еден мал просек на сите заразени луѓе во скијачкиот центар.

Покрај судењата кои што ги чекаат сопствениците на Ишгл и Тирол, сè поголеми се гласините и за барање на персонални последици.

„Погрешното однесување на луѓето има свои последици. Доколку резултатите од кривичните постапки или пак истражната комисија утврдат тешки грешки, тогаш ќе мора да следат персонални последици“ – порачала Барбара Неслер, пратеничка на Зелените, членка на владеачката коалиција.

Властите од Ишгл и покраината Тирол обвинети се и за криење на првиот случај на заразен од коронавирусот, за да ја ‘спасат’ туристичката сезона.

Translate »