Коие се топ 50-те компании во Македонија?

Македонија е одлична бизнис дестинација во која има компании кои знаат да прават големи пари и ја имаат добитната комбинација да создадат високи профитни маргини – нирвана за нивните акционери или само сопственици. „Фактор“ врз основа на достапни податоци од биласните на успех ја креираше листата на ТОП 50 најуспешни компании  – двигатели на македонската економија. Тоа се компаниите кои лани направиле најголеми  профити кои се мерат во милиони евра. На ранг листата најголемиот корпоративен профит е 77 милиони евра, а најмалиот во ТОП 50 има добивка од 3,6 милиони евра. Но од голите бројки многу е поважен профитниот потенцијал на македонските компании. Верувале или не, дури кај 35 од 50 најуспешни над 10 отсто од приходот останува како профит! А кај 20 од најпрофитабилните 50 добиквата е барем 25 отсто од остварените приходи. Дури има и две фирми во кои 99 отсто од приходот останува како профит. Меѓу најпрофитабилните 50 има една рака државни компании!

На листата најуспешни во 2019 година се најголемите банки, енергетски, телекомуникациски, рударски и фармацевтски компании. Има фирми од ИТ индустријата, големи малопродажни ланци, градежници, производители и даватели на услуги, извозници, но и државно управувани компании како и една приватна специјалистичка клиничка болница и неколку гринфилд странски инвестиции.

Извор Фактор.мк

Translate »