ДОКТОР МОЈСОСКИ: НА 15 ЈУЛИ НИЕ НЕМА ДА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ КОВИД-19

Докторот во пензија Наум Мојсоски во гостувањето на „Само Вистина“ на Канал 5 тврди дека до 15 јули ќе исчезне Ковид-19 во нашата земја.

-Јас и за свинскиот грип кажав како ќе заврши и сега мислам во Македонија, последниот случај може да се биде на 15 јули. Значи 15 јули ние нема да имаме повеќе ковид-19. Втор бран нема да има, но ќе има одредени личности кои биле болни потешко таканаречени перзистери, ќе се активира во одреден период кога ќе се ослаби имуниот систем кај тој човек. Инаку нови заболени нема да има. Вирусот не славее, тој е ист само нашиот имунолошки систем слабее. Во летно време се формира голема количина на витамин Д кој е имунорегулатор и затоа треба да се дава голема количина на Д витамин кај оние кој се веќе позитивни нема да упаднат во потешка состојба. Овој вирус во макрофагите ќе се активира во одреден период кога ќе ослаби имунитетот кај тој човек, а нема шанси тој да мутира, вели Мојсоски.

Според Мојсоски освен Д витаминот, голема улога игра и бесеже вакцина, па Италија никогаш нема ставено бесеже вакцина и кај нив имаше катастрофално сценарио.

Translate »