Болсонаро: Невработеност, глад и сиромаштија ќе биде иднина за оние кои се залагаат за тиранија со целосната изолација
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро повторно ги критикуваше мерките за ограничување во моменти кога во земјата се регистрирани над 15 илјади смртни случаи. Има и речиси 223.000 заболени од Ковид-19.
„Невработеност, глад и сиромаштија ќе биде иднината на оние кои се залагаат за тиранија во целосната изолација“ напиша на Твитер Болсонаро.
Лидерот на бразилската крајна десница и претседател на државата веќе неколкупати ги критикуваше мерките за изолација и јасно стави до знаење дека се залага за враќање во нормална состојба.
Медиумите пишуваат дека го водат економските интереси а не доброто на граѓаните на земјата и дека во Бразил, кој се наоѓа меѓу десет земји кои се најмногу погодени од пандемијата, бројот на заболени најверојатно е многу поголем од официјалниот, бидејќи не се спроведува доволен број тестирања.