Неверојатна идила, некогаш во сопственост на Шон Конери – имот на Медитеранот кој не би сакале да го напуштиме до доцната есен

Иако главната куќа изгледа како да е изградена во времето на Belle Époque, внатрешноста е целосно модернистичка, па содржи дури и фитнес центар.

Доколку на располагање имаме некој џекпот кој што сме го добиле, тогаш дефинитивно без размислување би го ‘зграбиле’ овој имот на Азурниот брег кој што е вреден 30 милиони евра.

Поточно, станува збор за една главна куќа и две гостински куќи изградени во Cap de Nice, во францускиот департмент Alpes-Maritimes.

Имотот се простира на околу 5.000 квадратни метри, а во себе нуди осум спални соби, тоалети, внатрешен и надворешен базен, градини преполни со прекрасни цветови.

Секако, во непосредна близина се наоѓа и волшебната плажа на ‘главниот град’ на француската ривиера.

Иако главната куќа однадвор изгледа како да е градена во времето на Belle Époque, внатрешноста е целосно модернистичка.

Овој неверојатен имот кој што се наоѓа во Ница, некогаш бил во сопственост на Шон Конери, кој што се прослави во текот на 60-те и 70-те години на минатиот век, толкувајќи ја улогата на славниот Џејмс Бонд во популарната франшиза за агентот ‘007’.

Денешниот сопственик на имотот не е познат.

Translate »