ОТКРИЕНО НОВО ЖАРИШТЕ НА КОВИД-19, ПЕКИНГ ТЕСТИРА ГОЛЕМ БРОЈ ЛУЃЕ

Пекинг спроведе кампања за тестирање на голем број луѓе за КОВИД-19, откако избувна ново жариште на инфекција во градот, поради што се стравува од вториот бран на епидемијата на коронавирус во Кина.

Благодарение на строгите контроли, носењето маски и мерките за карантин, коронавирусот скоро исчезна од кинеска почва, откако се појави во Вухан на крајот на 2019 година, така што откривањето на ново жариште на пазарот во главниот град ги изненади граѓаните на Пекинг.

Кинеското Министерство за здравство објави дека 57 нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во земјата во последните 24 часа. Вкупно 36 беа во Пекинг.

Сите тие се поврзани со големиот пазар Ксинфади, кој главно продава месо, риба и зеленчук. Тоа е главно место за снабдување со свежа храна во градот.

Тоа откритие доведе до изолација на 11 станбени зони. Сепак, ова е мал дел од Пекинг, кој сè уште живее нормално, далеку од каква било психоза.

Градоначалникот објави дека сака да тестира околу 46.000 луѓе, од 22 милиони кои живеат во главниот град, на 24 места за тестирање во главниот град.

Секој што работи или неодамна бил на пазарот Ксинфади мора да биде тестиран. Досега се тестирани 10.881 лица, велат надлежните.

„Неодамна бев на пазарот. Затоа сакам да се уверам дека немам КОВИД-19“, изјави 32-годишна граѓанка за АФП, пред стадион каде што беше организирано тестирањето.

„Ако сте позитивни, одите во болница. Ако сте негативни, мора да бидете изолирани 14 дена“, објасни таа.

Пазарот има неколку делови. Таму каде се продава месо и риба е затворено и се чува од полицијата и воената полиција.

Делот каде што се продава зеленчук остана отворен.

Официјалните медиуми објавија дека вирусот е откриен на пазарот, на површините што се користат за сечење на увезен лосос.

Translate »