Глигоров за претстојните избори: Ако ептен се лоши кандидатите, ќе напишам на ливчето: Сакам други кандидати. Или ќе прешкртам се’. Но ќе гласам.
„НА ИЗБОРИ СЕ ГЛАСА
Избори на 05 јули 2020. Како и до сега, поборник сум да излезам и да гласам. Ќе речете дека нема избор. Тој е изборот. Тие се нашите луѓе. Ако ептен се лоши кандидатите, ќе напишам на ливчето: Сакам други кандидати. Или ќе прешкртам се’. Но ќе гласам.
Еднаш не стигнав да гласам – не се сеќавам на точните причини. Но се сеќавам дека шубе ми беше дур до наредниот циклус на гласање. Имав чувство дека “некого” сум изневерил, дека сум го отфрлил. Ме грижеше совест дека сум ја оштетил Македонија.
Кој како сака нека се лути, ако не се гласа, тоа е кукавички чин за мене. По скопски: п**кица во душа, п**ерски до даска (нека ми простат сите за зборовите кои како деца сме ги учеле од улицата и немаат никаква врска со лгбт заедницата).
ПС Некогаш можеби ќе го сменам ова мислење за гласањето (иако не верувам зошто е тоа вграден принцип во мене), но се’ дотогаш, ве замолувам да гласаме сите“.
Facebook статус: Венко Глигоров