Германија го нападна Трамп: Американските војници не нè бранат нас! Тука се да демонстрираат американска моќ во Азија и Африка
Американските трупи не се наоѓаат во Германија за да ја заштитат таа земја, туку да ја сочуваат трансатлантската безбедност, изјавила амбасадорката на Германија во САД, Емили Хабер, во текот на он-лајн дискусијата во Советот за меѓународни односи.
“Американските војници кои се присутни во Германија не се наменети за нејзина заштита. Тие се наменети за заштита на трансатлантската безбедност, како и демонстрација на американската моќ во Африка и Азија”, рекла амбасадорката.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот ветил дека ќе го намали бројот на американските војници во Германија на 25.000.
Покрај тоа, тој бил огорчен што “Германија плаќа милијарди долари за енергија на Русија, САД се должни да ја штитат од Русија”. Трамп повторно ја нарекол Германија неодговорна, бидејќи таа земја треба, како што смета, да плати “милијарди долари” за НАТО.
Тој на почетокот на јуни наредил до септември од американскиот воен контингент во Германија да се повлечат 9.500 војници.