Како најбрзо до информација за најповолните банкарски производи?
Новонастаната состојба го промени секојдневниот живот но и на начинот на водење бизнис. Се потенцира важноста на дигиталната технологија, на можноста преку интернет да се работи, да се комуницира но и да се дојде до потребните информации.
Едно е точно, и во иднина граѓаните, компаниите ќе имаат потреба од соработка со банки. Ќе штедат, ќе земаат кредити, ќе обавуваат трансакции. Но денес, се повеќе се наметнува како предизвик, потребата како сето тоа да се заврши побрзо, притоа да се имаат сите потребни информации на едно место, и како полесно да се донесе одлука за одреден банкарски производ од конкретна банка.
Со цел да се олесни овој процес, да им се помогне на корисниците полесно и побрзо да дојдат до информација за најповолните банкараски производи на дневна основа, овие денови започна со работа новата иновативна финансиска платформа Паричник.мк (http://paricnik.mk).
Станува збор за независна финансиска платформа paricnik.mk со единствен концепт и иновативен пристап која ефективно ги спојува финансиските институции и корисниците нудејќи ги очекуваните финансиски информации на дневна основа.
Веќе нема потреба да се оди во банка, или пак да се посетуваат интернет порталите на одделните банки, напротив сега со посета на финансиска платформа http://paricnik.mk со еден клик се добиваат сите информации, кои носат заштеда на време но и средства за корисниците. Платформата нуди ажурирани, прецизни информации кои помагаат во процесот на професионални одлуки.
Паричник.мк претставува дигитален еко-систем на кој секојдневно се одвива понудата и побарувачка на сите банкарски и финансиски производи, помагајќи да се донесе најдобрата финансиска одлука во склад со своите потреби и можности.
Платформата Паричник.мк е независен специјализиран онлајн портал кој соработува со сите интересни групи, со цел креирање на позитивна клима за развивање на квалитетни односи и интерактивни комуникации помеѓу финансиските институции и нивните традиционални / потенцијални клиенти.
http://paricnik.mk – зошто да одите од Банка во Банка кога можеме ние да Ви помогнеме?