„Фокус“: Заглавени викендаши, биле во Маврово и Ростуше, а поради кризната состојба не можат да се вратат дома

Граѓани кои биле на викенд во Лазарополе, Тресонче, Росоки, Гари и Селце, се заглавени, односно не можат да се вратат дома, поради превентивните мерки за забрана за движење во Дебар и Центар Жупа, пренесува „Фокус“.

Овие граѓани потенцирале дека местата каде што се наоѓаат се под опшина Маврово и Ростуше, а не Дебар и Центар Жупа.

На денешната прес-конференција, премиерот Спасовски рече дека е информиран за овие граѓани, но потенцираше дека Кризниот штаб ќе одлучи дали ќе им се дозволи да се вратат дома, или ќе мораат да останат таму.

„Контактиравме со овие лица, односно се наоѓаат во подрачјето за влез и излез на Дебар и Центар Жупа. Дадени се информации до Кризниот штаб, доколку може да се изнесат со возила. Доколку се одлучи дека не смее, ќе мора да останат таму, а ќе бидат снабдени со намирници“, информираше Спасовски.

Премиерот додаде дека сите треба да бидеме свесни оти е подобро да им се помогне таму каде што се, доколку се одлучи дека не смеат да излезат, отколку да се наштети.


Translate »