Новороденче заразено со коронавирус: Мајката воопшто не знаела дека е заразена…

Во Велика Британија е потврдена заразата со коронавирус кај најмладото лице досега – станува збор за штотуку родено бебе.

Мајката на новороденчето пред неколку денови била хоспитализирана во Лондон поради сомнение за воспаление на белите дробови, а подоцна се покажало дека е позитивна на коронавирус, пренесува „Мирор“.

Од вчера таа и нејзиното бебе се лекуваат во две различни болници – бебето останало во истата клиника, додека мајката итно била пренесена во клиниката за инфективни болести.

Дека е позитивна на коронавирусот се покажало откако се породила, а исто така веднаш било тестирано и бебето. Докторите се уште не знаат дали бебето се заразило додека било во матката или пак веднаш по породувањето.

Медицинскиот персонал кој бил во контакт со заразените мајка и бебе е во самоизолација, а британските власти сега утврдуваат со кого мајката била во контакт во изминатиот период.

Од болницата соопштија дека за мајката и новороденчето не постои висока веројатност за развивање на компликации поради коронавирусот.

Translate »