Загрижувачки бројки: Десет милиони деца во светот можеби никогаш нема да се вратат во училиште
Пандемијата на коронавирусот предизвика глобална “криза во образованието без преседан”, со речиси 10 милиони деца кои се погодени од затворањето на училиштата и кои можеби никогаш нема да се вратат на училишните клупи, објавила денеска организацијата “Save The Children”.
Повикувајќи се на податоци од UNESCO, британската хуманитарна организација објавила дека во април, откако ширум светот биле воведени мерки за спречување на ширењето на заразата, 1,6 милијарди млади луѓе – што е речиси 90 проценти од учениците и студентите – престанале да одат во училиштата и факултетите.
“Прв пат во историјата на човештвото образованието е прекинато во целиот свет за цела генерација на деца”, наведува организацијата во својот извештај.
“Околу десет милиони деца можеби никогаш нема можеби никогаш нема да се вратат во училиште – станува збор за криза без преседан и владите мора итно да делуваат”. рекла лидерката на “Save The Children”, Ингер Ашинг.
“Владите би требало да го зголемат финансирањето на образованието, а наместо тоа се зголемил ризикот од нови кратења, што ќе донесе до драматичен пораст на нееднаквоста меѓу богатите сиромашните, девојчињата и момчињата”, додала таа.
“Save The Children” го повикува владите и приватните донатори да го зголемат финансирањето во образованието, за децата да се вратат во училиште кога тоа ќе биде можно, и дека во меѓувреме образованието ќе се одвива на далечина.