Истражување: Пензионерските здруженија добиваат поголеми финансии од младинските организации
Здруженијата на пензионерите се по привелегирани од младинските организации и невладиниот сектор кога станува збор за финансирање на нивните активности.
Покажуваат последните истражувања направени од страна на младинскиот сојуз во рамките на проектот град пријател на младите финансиран од Амбасадата на САД во земјава.
Во зависност од средините пристапот и поврзаноста на младите со локалната самоуправа е различен.Така на пример во повеќе градови во Македонија меѓу кои и Прилеп 80 отсто од млади испитаници до 35 години одговориле дека воопшто не се запознати дека постои некаква програма за финансиска подршка за млади. Пред се за развој на земјоделието, за работни места за спортски и хуманитари акции.
Извештаите и препораките веќе им се доставени до локалните власти во земјава. Се бара нивно имлементирање и отворање на соодветни служби во општините за подобро меѓусебно поврзување