АНГЕЛОВСКА: БАРАЈТЕ ГИ СМЕТКИТЕ, СО НЕИЗДАВАЊЕ ВАШИТЕ 5 ИЛИ 18% ПРОДАВАЧОТ ГИ ЗЕМА ЗА СЕБЕ

МојДДВ веќе брои над 315.000 корисници.Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги – не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите!, информира министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:Дел од пораките во МојДДВ #МојаНаграда.Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18% продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!
Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда

Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден.
Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал.Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајкнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество, напиша на својот Фејсбук профил Ангеловска.

Translate »