Научниците во чудо: На место на кое нема живот, пронашле остатоци од напредна цивилизација
Една од најстарите цивилизации во Јужна Америка создала таинствен народ – Моче.
Постоела од првиот до осмиот век, на северното крајбрежје на денешен Перу.
Во 1899-та година за нив дознал упорниот германски археолог Макс Ухле, почнувајќи со ископување на крајбрежниот дел од земјата, во покраината Трујило.
Неговите колеги сметале дека тоа е губење време. Никому не му било јасно што мисли да пронајде на подрачјето кое што било непогодно за живот, каде што сонцето ја убивало сиромашната вегетација.
Ухле мислел поразлично од нив, и докажал дека е во право. Прво открил скршени делови од керамика, а потоа пред неговите очи се појавил цел комплекс од градба.
Ухле на светската јавност ѝ ги претставил доказите за постоењето на дотогаш целосно непозната предколумбиска индијанска цивилизација.
Па, како што било вообичаено древните цивилизации да се наречат според крајот во кој што се пронајдени остатоците, и оваа го добила името Моче.
Подоцнежните ископувања покажале дека овој народ поседувал тешко објаснувачко технолошко знаење, кое што му овозможило да ги соедини комплексните системи од планината во облик на канали и да подигне величенствена градба, како скалеста пирамида и храмови посветени на божества.