Светската економија може да изгледа како во 1900-те години, ако нешто брзо не се превземе!

Според неговото мислење кое што го пренесува „Би-би-си“, единствениот начин светската економија да се избори со рецесијата е меѓудржавна соработка.

Поранешниот претседател на Светската банка, Роберт Зелик, предупредил дека светот повторно би можел да изгледа како во 1900-те години, доколку државите не почнат да работат заедно на решавање на актуелната криза со коронавирусот.

Зелик, кој што сега се занимава со консултантски работи, своевремено бил директор и на банката „Goldman Sachs“ и заменик на американскиот државен секретар, а советувал дури шест американски претседатели, меѓу другите и Џорџ Буш постариот и Џорџ Буш помладиот.

Според неговото мислење кое што го пренеле од „Би-би-си“, единствениот начин светската економија да се избори со рецесија е меѓудржавна соработка, додека пак напнатоста помеѓу САД и Кина би можела дополнително да ја влоши ситуацијата, смета тој.

Доколку земјите почнат да се оддалечуваат од глобализацијата и ги следат националните интереси, светот, како што наведува тој, би можел да наликува на ситуацијата од 1900-те години.

Translate »