Покрив од зграда падна врз луѓе, се „одлепи“ и фасадата на МЕПСО.
Силно невреме го зафати утринава Скопје, по што беше предизвикана голема материјална штета ширум градот.
Булеварот Партизански одреди синоќа беше накратко блокиран откако покрив од зграда се сруши врз улицата. Како што може да се види на фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, падот на покривот од зграда кај трговскиот центар „Антико“ во скопската населба Карпош 4 лесно можел да заврши фатално за две лица кои биле на булеварот.
На видеото подолу може да се види како екипите на Комунална хигиена им помагаат на две лица кои се затрупани од срушениот покрив на Партизанска.##
##
Невремето утринава ја „однесе“ и фасадата на зградата на МЕПСО која беше реновирана како дел од проектот „Скопје 2014“ .
На фотографиите може да се види како дел од фасадата е целосно одлепен од зградата и срушен, па граѓаните се прашуваат дали ќе има одговорност од изведувачите, затоа што, како што може да се види на видеото и фотографиите, сето ова лесно можеше да заврши и со човечки жртви.