Фотографија од дете која му го скрши срцето на светот: Мајка скришно го снимала синот додека имал онлајн настава, бидејќи…
Новата училишна година започна, но никако не потсетува на ниеден досегашен септември.
Поради пандемијата на коронавирусот децата речиси во цел свет наставата ја следат онлајн, па така и во Америка.
Колку на децата тешко им паѓа оваа голема промена, најдобро докажува фотографијата на ученик која вирално се шири на интернетот.
Наместо во училница, 6-годишното дете од Џорџија првиот училишен ден го започнало учејќи пред компјутер, преку онлајн платформа.
„Мојот син толку многу беше тажен поради фактот дека нема да ја дели училишната клупа со другарите, после што ја спушти главата и почна да плаче“, раскажала неговата мајка Џејн Комбс, која не можела да го премолчи детаљот од фотографијата.
Кога видела колку е тажен, Џејн знаела дека треба нешто да преземе. Затоа го фотографирала и ја објавила фотографијата на интернет, со надеж дека ќе ја поткрене свеста за потешкотиите со кои некои ученици се соочуваат бидејќи не одат во училиште.