Научниците објаснуваат зошто КОВИД-19 за некои луѓе е смртоносен, а кај други предизвикува само благи симптоми

еѓу милионите загубени животи поради коронавирусот, постојат ситуации кои одат против човечката логика. Младите и здрави луѓе се подложни на вирусот како да припаѓаат на најризичната група, додека други луѓе од нивната возрасна група покажуваат само благи симптоми, а понекогаш и воопшто немаат симптоми изјавуваат од Science Alert.

Истражувачите се обидоа да одговорат на ова прашање во две студии. Тие идентификувале клучен механизам на имунолошкиот систем, што може да објасни зошто вирусот е смртоносен само за некои луѓе.

EPA-EFE

Истражувањето исто така го понудило и првото молекуларно објаснување зошто вирусот има посериозно влијание на мажите за разлика од жените.

Тие навеле дека интерфероните од типот „I“ (IFN) играат клучна улога во различните исходи кај пациенти со КОВИД-19. Станувало збор за протеини кои ги произведуваат заразените клетки за да помогнат во запирање на ширењето на вирусот.

Но, кај некои луѓе тоа не е така. Едно од истражувањата открило дека повеќе од 10% од здравите луѓе кои имале тешки симптоми на болеста имале антитела кои ги напаѓале сопствените протеини со што се спречувало правилно да се борат против вирусот.

Фото: Профимедиа

Друго истражување, во кое биле испитувани хоспитализирани пациенти со тешки симптоми, вклучително и пациенти на 20 годишна возраст, открило дека има барем уште 3,5% генетски мутации кои го спречуваат интерферонот да работи правилно.

„Овие откритија обезбедуваат убедливи докази дека нарушувањето од типот „I“ е често опасно по живот при зараза од коронавирусот“, изјавил Жан-Лоран Казанова, раководител на лабораторијата за заразни болести во Санкт Петербург.

Toj рекол дека ваквите проблеми, теоретски, можат да се третираат со веќе постоечки лекови и интервенции. Жан-Лоран и неговите колеги пронашле антитела кои неутрализираат еден или повеќе свои „IFN“ протеини кај најмалку 101 пациент, од 987 тестирани.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

„Интересно е што 94% од пациентите кои ги имале овие антитела се мажи, што може да објасни зишто се јавуваат тешки симптоми кај мажите“, изјавил истражувачот Стјуарт Тангје.

Истражувачите откриле дека гените на самите интерферонски протеини исто така можат да работат против интересите на телото.

EPA-EFE/ CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Споредувале гени на 659 пациенти со тешка здравствена слика, со 534 лица со асимптоматски или бенигни инфекции. Тоа резултирало со идентификување на 13 абнормалности во секвенците за кои се знаело дека се составен дел на активноста на „IFN“ против дејствување на вирусот во телото.

Мутации на „губење на функцијата“ биле забележани кај 23 пациенти (околу 3,5%), но истражувањата сугерираат дека дури и кај таа мала популација, може да дојде до распаѓање на имунолошкиот систем, што може да биде фатално кај инаку здрав пациент.

Translate »