Георгиевски за БГНЕС: Бугарското вето им нанесе голема штета на двете земји и ги мобилизира просрпските сили во нашата земја

Од бугарска страна, никој не сака промена на нашиот Устав и нов Договор. Ова лично го слушнав од бугарските политичари. Софија сака спроведување на Договорот од 2017 година и конкретни резултати од работата на Мешовитиот комитет за историски прашања, вели во своето Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС.

„Длабоката држава“ во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји. Гради омраза и непријателство кон Бугарија. Вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност. Во суштина, тие не се сите Македонци, вели Георгиевски.

Тој додава дека од бугарската страна, никој не сака промена на македонскиот Устав и нов Договор. И дека ова лично го слушнал од бугарските политичари.

„Југословенската комунистичка историографија призна дека македонската нација е најмладата на Балканот. Никола Груевски му зададе тежок удар на антиката. ВМРО-ДПМНЕ стана про-југословенска партија. Обичните луѓе од двете страни на границата се чувствуваат блиски. Ние мора да ги признаеме заслугите на Зоран Заев и неговата желба за пријателство со Бугарија. Слушнав дека бугарските инвестиции и големи проекти се стопирани во нашата земја. Бојко Борисов и Зоран Заев мора да најдат решение и да тргнат кон вистинско приближување. Бугарското вето ќе им нанесе голема штета на двете земји и ќе ги мобилизира просрпските сили во нашата земја“, вели Георгиевски.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски вчера се сретна со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Георгиевски замина во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји.

Translate »