Во Дубаи и полицајци ќе летаат (Видео)
Полицијата на Дубаи во своите оддели планира да внесе уште еден новитет – летачки мотор. Мотоциклот може да лета и без возач, а ќе биде употребуван за да го набљудува сообраќајот и да помага во спасувачки мисии. Летачкиот мотор е само уште една новост во серијата на достигнувањата на високата технологија кои ги користи полицијата на Дубаи, почнувајќи од летачки такси па се до полицајци роботи. Градските власти велат дека ваквите набавки се неопходни за безбедно одржување на светскиот саем ‘’Expo 2020’’ кој привлекува милиони посетители.