Ковид мерки: На кои места ќе мора да носиме заштитна маска?
Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот.
Воедно од денеска сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.
За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Маските мора да се носат за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз.Маска мора да се носи при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.Мерката нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита, при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лица со кои заедно живее. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој.За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.
Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или било која површина на отворено, а казната е 500 евра.
Министерството за здравство апелира до сите граѓани да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Носењето на заштита маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се единствените мерки кои можат да го спречат ширењето на вирусот. Да бидеме одговорни и совесни, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.