Од понеделник граѓаните ќе можат да се тестираат преку брзи тестови кои ќе чинат 1.000 денари – ова е постапката

Квалитетните тестови од фирмата „Abbott“ кои што даваат 99.6 отсто точност на резултатот за Ковид-19 од следната недела ќе бидат достапни и во Здравствениот дом во Скопје, соопшти д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствениот дом.

Веќе од понеделник граѓаните ќе можат преку дадениот телефоснки број во медиумите да закажуваат термин и да направат брз тест за проверка на Ковид-состојба.

„Постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно околу половина час за резултатите, но ќе гледаме тој временски период да го намалиме на 20 минути“, посочил д-р Исијановски во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Тој објасни дека брисот се зема насоферигијално, потоа се става во епрувета во која што има течност и потребно е од 15 до 20 минути, да се капне од течноста на една од плочките и да се добие резултатот – веднаш.

Доколку лицето кое што се тестира е позитивно, во текот на денот ќе биде известен и Институтот за јавно здравје кој што понатаму ќе постапи со епидемиолошката анкета за лицето да се стави во изолација.

„Доколку пак тестот е негативен, а лицето нема симптоми тогаш нема потреба од ПЦР тест, но доколку тестот е негативен, а лицето има симптоми на Ковид-19 тогаш потребно е да се направи ПЦР тест“, објаси д-р Исијановски.

Translate »