(Видео) Митрески: Македонскиот јазик и идентитет се факт, нема потреба за тоа да се расправа на комисија

Македонскиот јазик и идентитет се факт, нема потреба за тоа да расправа Комисијата во Собранието, одговори на новинарско прашање Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

https://youtube.com/watch?v=1UYX7nTf5nQ%3Ffeature%3Doembed

На новинарско прашање дали СДСМ ќе учествува на Комисијата за надворешна политика, која претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, ја закажал в четврток, Митрески рече:

„Станува збор за Комисија што вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност. Jас и по завршувањето, односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што беше како предлог-дневен ред поставена истата точка, дадов изјава и ќе ја повторам пак. Јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието“, рече пратеникот.

Translate »