Како да го зајакнете имунитетот-Време е за детоксикација!
И покрај тоа што Ковид 19 во последните неколку месеци, темата за нашето и глобалното здравје ја наметна како главна тема за дискусија, сепак од друга страна динамичниот и забрзан животен стил често ни ја одзема можноста за редовна грижа за здравјето. Со доѓањето на есента секогаш се наметнува и потребата за промени и во нашите навики. Есента бара обнова на мотивацијата и создавање на одржливи секојдневни навики кои се однесуваат на здравјето. Еден од најдобрите начини да се регулира психо-физичката состојба на организмот е подобрувањето на имунитетот.
Првиот чекор е детоксикацијата, односно чистењето на телото од отрови. Постојат низа активности кои ја помагаат работата на лимфниот систем во човековиот организам и овозможуваат поефективна дренажа на токсините. Покрај тоа, ако се практикуваат редовно, тие овозможуваат преку прочистувањето да се врати природниот баланс на цревниот микро-биом, кој одредени научници веќе некое време го нарекуваат човековиот „втор мозок”.
Ова се некои од нештата кои можете да ги сторите веднаш, за да ја поминете есента со енергија и елан!
Пијте многу вода
Тоа е најбрзиот, најлесниот и потполно бесплатен начин за чистење на вашето тело. Водата, особено веднаш по будењето е одличен начин да го зголемите нивото на енергија. Едноставно пијте вода и ќе забележите дека веднаш се чувствувате подобро. Исто така започнувајте го секој ден со чаша млака вода и исцеден лимон.
Практикувајте инфрацрвена сауна
Еден од најстарите методи на детоксикација е сауната. Таа помага во чистење и подмладување на кожата, намалување на стресот, ги уништува патогените клетки во организмот, ја подобрува еластичноста на артериите, го намалува високиот крвен притисок, помага кај срцевите и кожните заболувања. Преку зголеменото потење се ослободувате од токсините во телото. Сауната исто така може да се комбинира со базен, за да ја подобрите циркулацијата. Најдобро е да ја имате дома! Во последно време се повеќе се препорачува инфрацрвената сауна кај која се пониски температури до 50степени, за разлика од класичната Финска сауна каде се од 70-90степени.
Инстантно се загрева, и може да се вгради во било кој празен простор во домот/ соба / дневна / спална/ купатило / подрум, а предизвикува многу мала потрошувачка на струја. Нема потреба ни од плочки ни од вода, само обичен кабел монофазна струја. Може да се вгради и во рамки на постоечка Финска сауна…
Заменете го кафето со чај
Можеби ви звучи како научна фантастика, но обидете се барем на неколку дена да го замените кафето со чај. Тој може да се консумира во поголеми количини, и доколку изберете органски, може да биде рај за вашите бубрези.
Зелениот чај е препознатлив по неговата голема содржина на антиоксиданти кои го чистат секој орган во нашето тело од токсини. Исто така чајот од коприва ја чисти крвта, го зголемува апетитот за здрави грицки и ја зголемува енергијата.
Не заборавајте на физичката активност!
Не морате да тргнете во теретана или да трчате додека ве држат нозе за да бидете во топ форма. За почеток, доволно е само малку да се раздвижите со едноставно шетање, и како што ќе ја подобрувате својата кондиција, така и да го зголемувате интензитетот на вежбањето.
Сепак, она што е најважно после секоја детоксикација е да се продолжи со умерена и хранливо богата храна. Внесувањето зеленчук секој ден, умерено конзумирање алкохол, избегнување цигари и подготовка на храна во вашиот дом е нешто што треба да го правите цел живот. Детоксикацијата е привремено освежување, а правилната исхрана е начин на живот.