Сауна во домот! Потребен е мал простор, а придобивките врз здравјето се огромни!

Сауна во домот! Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз и место за уживање, сауната со своите бројни позитивни ефекти врз здравјето е пред се потреба. Посебно во денешните динамични услови на живеење, на изложенст на стрес и притисоци. Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Тие истакнуваат дека со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.

Во услови кога времето е најголемиот ресурс, не секогаш можеме да одиме во сауна која е оддалечена од нашето место на живеење, така што идеално би било кога би имале сауна во сопствениот дом. Инвестицијата е многу мала, а доволен е многу мал простор, метар на метар, за нејзино поставување.  Зошто да не си овозможите секојдневна релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството во домашната сауна.

Здравјето нема цена! Поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства

Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни.

Не е случајно, зошто во Финска има над 3,3 милиони сауни, речиси во секој дом и канцеларија, а Финска брои 5,5 милиони жители. Финците дефинитивно ги знаат предностите на овој еликсир, и секако максимално ја користат сауната.

На следниов линк http://pirinexport.mk/ можете да добиете релевантни информации за проектирање и изведба на Фински сауни, за домашна и комерцијална употреба. Изборот на сауна пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во домот, како и од финансиските средства потребни за монтажа. Една комплетно опремена сауна за домашна употреба која се сместува во стан, бања, остава, спална соба не чини многу, а задоволството е непроценливо. Животот е убав и затоа треба да уживаме максимално во него.

Translate »