Аманда спиела со малолетници, деца бегале од часови за да имаат сексуални односи со неа

Една мајка од Ајдахо, која признала дека имала сексуална врска со неколку малолетници, е осудена на 90 дена затвор.

Амамда Кетрин Стил ќе мине само 3 месеци зад решетки и седум години на условна слобода откако признала вина за две точки од обвинението, пренесува “Daily Mail”. 

Стил вината ја признала во јуни откако постигнала договор со обвинителот.

Истрагата против неа започнала кон крајот на јуни, откако свекорот ја пријавил кај властите по гласините дека се дружи со група деца.

Според судските документи, жртвите, вклучувајќи и 17-годишно дете, бегале од училиште за да имаат секс со неа. Таа за тоа време била во брак.

“Жртвата кажа дека познава неколку негови пријатели кои имале секс со Стил”, пишува во извештајот на полицијата.

Во јули 2019-та година, сега поранешниот сопруг ја фатил со момче во када во нивната куќа.

Кога се обидел да интервенира, Стил станала нервозна и му кажала дека неговите претпоставки се смешни.

На крајот му признала и на сопругот и полицијата дека имала секс со малолетници и дека најмалку еден однос се случил во куќата на 17-годишното момче, а еден во нивната куќа.

Едно од момчињата наводно го снимило сексот со Аманда, но подоцна на полицијата им рекло дека снимката е уништена.

Како дел од казната, Аманда ќе мора да одработи 300 часа добротворна работа и да плати казна од речиси 5.000 долари.

Translate »