Австралиски војник пука во цивил кој мирно седи на земја: На министерката ѝ се слошило кога го видела ова злосторство
Министерката за одбрана на Австралија, Линда Рејнолдс изјави дека ѝ се слошило кога ја видела снимката на која припадник на австралиските специјални сили пука во невооружен човек кој седи на земја во Авганистан.
Рејнолдс додава дека е „тотално и апсолутно згадена и шокирана“ после исходот на истрагата која потврди дека австралиските специјалци убиле 39 невооружени цивили и затвореници за време на војната во Авганистан која беше предводена од САД.
Сега, илјадници одликувани војници би можеле да останат без своите ордени, после документот напишан на 465 страници.