Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?
ФОРТОНМКА и оваа година ја најави втората годишна Конференција за недвижности која ќе се одржи на 22 мај во Скопје. Настанот ветува дека ќе биде епицентар на знаења, современи стратегии и иновации кои ќе го формираат пазарот на комерцијални недвижности во иднина.
На оваа конференција ќе присуствуваат врвни професионалци од локалната и меѓународната сцена, вклучувајќи искусни менаџери, инвеститори, аналитичари и архитекти, кои ќе споделат свои искуства и примери. Оваа година, конференцијата ќе понуди динамични дискусии на теми како урбанизација, урбанистичко планирање, финансирање на инвестиции и развој на станбени и комерцијални објекти.
Конференцијата ќе ви овозможи директен увид во актуелните трендови и идни предизвици на пазарот, со фокус на структурно прилагодување кон побарувачките на пазарот и економските промени. Панел дискусиите ќе ги обработат клучните области вклучувајќи и можности за инвестиции во хотелски капацитети и нови концепти во малопродажбата.
Зошто треба да се посетите една ваква Конференција за недвижности? Бидејќи ќе добиете шанса да се вмрежите со водечки експерти, да дознаете за последните и најважните иновации и да добиете инсајдерски информации кои можат значително да влијаат на Вашите инвестициски стратегии и управувањето со недвижности. Исто така, ќе добиете вреден увид во стратегиите кои допринесуваат кон одржлив развој на пазарот и поголема профитабилност на инвестициите.
За регистрација на оваа конференција повеќе информации заинтересираните може да добијат на веб-страницата на Конференцијата и да бидат дел од овој значаен настан и дијалогот кој ја обликува иднината на комерцијалниот пазар на недвижности. Дознајте повеќе на: https://realestateconference.mk/mk/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0/