Бучковски: Заев од петни жили се бори за нашата европска иднина
„Не е во ред некој да биде „обвинет“ за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина“, изјави поранешникот премиер Владо Бучковски за порталот „ТВ Нова“, застанувајќи во одбрана на премиерот Зоран Заев.
Според него, Македонија ја доживува својата катарза.
„Мене ми е ова Дежа ву. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание“, посочува Бучковски, дополнувајќи дека Заев „искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина“.