Постои врска помеѓу сексот, здравјето и долговечноста, еве ја „тајната“
Таканаречените „сини зони“ – региони во светот каде, наводно, повеќето луѓе живеат подолго од просекот – се полни со витално старо население, а еден таков регион е грчкиот остров Икарија. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 80 проценти од луѓето на возраст меѓу 65 и 100 години сè уште имаат – добар сексуален живот.
Дека сексот е еден од „еликсирите на долговечноста“ покажа и научно истражување објавено неодамна во British Journal of Medicine во кое учествувале илјада испитаници на возраст од 45 до 59 години. Истражувачите забележале дека мажите кои доживеале чести оргазми имале за половина помал ризик да умрат од срцев удар и други срцеви заболувања отколку нивните помалку „активни колеги“ во студијата.
Овие тези се потврдени со американско истражување од 1.500 американски жени од 2007 година, според кое честите оргазми кај мажени жени на средна возраст значително го намалуваат ризикот од разни болести, како и воопшто смртноста.
Рецепт за долг живот: Здрава храна и секс
Познато е дека храната во голема мера влијае на здравјето, како и на сексуалното здравје и „способноста“ за изведување. Истражувањата покажаа дека стогодишниците од сините зони ширум светот повеќето од своите диети ги темелат на растенија, што е веројатно една од причините зошто тие уживаат во сексот во подоцнежните години.
Имено, еректилната дисфункција е ран индикатор за слаба васкуларна функција, проток на крв и разни срцеви заболувања, бидејќи истите непроодни артерии предизвикуваат еректилна дисфункција и го забавуваат протокот на крв во срцето и мозокот.
Студија за здравјето на мажите во Масачусетс, исто така, откри директна врска помеѓу диетата и проблемите со ерекција – кои беа поретки кај оние кои јаделе многу овошје и зеленчук и храна од цели зрна, и избегнувале црвено месо и преработена храна.
– Ваквата диета и здравиот начин на живот го подобруваат здравјето на срцето и сексуалното здравје, истовремено намалувајќи го ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес тип два и повеќето други хронични болести. – вели д-р. Дин Орниш за в – затоа што „она што е добро за здравјето на срцето е добро и за мозокот и за целото тело“, заклучи тој.