Нова исповед на сопругата на екс директорот Ордановски:Ме исмејуваат жени што до Вардар не отишле:
Негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. Разбирам дека имало и ќе има луѓе љубоморни и искомплексирани, вели Агнеса Органџиева во нејзината најнова исповед за разидувањето со Роберт Орданоски за порталот „ММС.мк“.
Љубовната сага на поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации доби изненадувачки големо внимание во медиумите. Довчерашните сопружници се расположени за покажување на „валканиот веш“, а јавноста очигледно одлично се забавува.
Откако Орданоски во неговото последно обраќање побара брачен советник, неговата довчерашна избраничка со која има две малолетни ќерки вели дека нема враќање назад.
После ова нема шанса. Сега додека сум млада, сакам да бидам сама и да ѝ се посветам на кариерата – категорична е таа.