Со регулирање на нивото на овие хормони ќе живеете подолго и ќе изгледате помладо

Кога станува збор за долг и здрав живот и за младоликоста како надворешен индикатор за здравјето, секогаш се зборува за важноста на физичката активност и за здравата храна. Но, она што многумина го забораваат е фактот дека хормоните играат голема улога во здравјето на жените, а за да се одржи оптимална рамнотежа на хормоните, потребно е да се промени начинот на живот. Животните навики имаат трајни ефекти врз нашето тело, но обично се потребни многу години за да се забележат овие ефекти. Откријте подолу на кои хормони треба да внимавате кога станува збор за здравјето, за стареењето и за продолжувањето на животниот век.

Со регулирање на нивото на овие хормони ќе живеете подолго и ќе изгледате помладо

Кортизол

Експертите забележуваат дека одржувањето на оптималното ниво на кортизол е исклучително важно за здравјето, но исто така и за младоликоста. Честото покачено ниво на овој хормон има големи последици врз човечкото тело, а хроничниот стрес, воспалението, нарушениот квалитет на спиењето и дебелината се само некои од нив. Билансот на кортизол е најчестата форма на хормонална нерамнотежа кај жените. Хронично зголеменото ниво на кортизол, заедно со другите хормони на стрес, предизвикуваат губење на колагенот и со тоа го забрзуваат стареењето на кожата. Ова се забележува на кожата десет пати повеќе отколку на другите ткива. Постојаниот стрес доведува до губење на еластичноста на кожата и таа станува збрчкана и нееластична.

Витамин Д

Иако витаминот Д во минатото се сметаше за додаток кој е исклучително важен за коските заедно со калциумот, неговата важност е многу поголема. Денес знаеме дека овој витамин, кој исто така е хормон, е неопходен за речиси секоја функција на организмот и дека учествува во експресија на повеќе од 500 гени. Кога станува збор за имунитетот, витаминот Д има одлична функција бидејќи го штити здравјето на коските, забите, штити од кардиоваскуларни болести, висок шеќер во крвта, рак на белите дробови, на кожата, на дебелото црево, на градите и на панкреасот и го спречува развојот на крвните садови кои ги хранат туморите. Поради сето ова, витаминот Д е исклучително важен за здравјето на луѓето.

Izvor Kafepauza.mk

Translate »