Путин на конференцијата во Давос: Глобалниот систем на безбедност е нарушен, технолошките гиганти се натпреваруваат со Владите
Рускиот претседател Владимир Путин изјави за време на обраќањето на Светскиот економски форум во Давос дека глобалниот систем на безбедност моментално е нарушен, а технолошките гигантги сега се натпреваруваат со владите.
Путин нагласи дека помалите локални конфликти и натаму се зголемуваат, но истакна и дека една голема војна, која според него би била погубна за човештвото, моментално е невозможна.
Рускиот претседател сепак предупреди дека ситуацијата би можела неочекувано да се влоши ако не се преземат чекори за спречување на едно такво сценарио.
Првиот човек на Руската Федерација го пофали неодамна постигнатиот договор со американската администрација за продолжување на преостанатиот договор за намалување на нуклеарното вооружување „Нов СТАРТ“ на петогодишен период.
Сепак, Путин напомена дека уште многу прашања и несогласувања помеѓу земјите и натаму не се решени.