Најскржавата милионерка на светот-Јаде храна за мачки

Американката никогаш не троши повеќе од 1.000 долари месечно, иако на сметката има 5.300.000 долари.

Ејми се опишува себеси како „најскржавата милионерка во светот“ затоа што јаде храна за мачки и штеди на комунални услуги. Таа тврди дека сфатила како да заштеди пари на дневна основа.

“Јас го чувам бојлерот исклучен. Ми требаат 22 минути да се загреам доволно за да се истуширам, па го вклучувам секое утро кога ќе се разбудам”, рече таа во емисијата “Нај скржавите милионери”.

Ејми тврди дека овој потег и заштедил 80 долари месечно. Плус, никогаш не купува ништо и со тоа заштедува 200 000 долари.

Дел од нејзината „штедлива“ рутина е да го користи истиот стар сунѓер за садови додека не се распадне.

Куќата ја добила од поранешниот сопруг по разводот, а тој доброволно ја чисти куќата секој месец и тоа бесплатно. Овој необичен аранжман тој го нарекува победа и за двајцата затоа што Мајкл вежба додека чисти и останува во форма.

На редовни службени патувања во Лос Анџелес, таа вози автомобил четири часа, со своето 17-годишно „милениче“ за да заштеди 250 долари на авионски билет. Во една прилика кога нејзиниот автомобил се расипал и механичарите барале повеќе пари за поправки, Ејми се упатила кон аеродромот и буквално го молела пилотот за бесплатен лет.

“Кога одам во такви крајности, мислам дека тоа навистина ги нервира другите луѓе, но не ми е гајле. Така заштедувам”, објасни таа.

Translate »