Почина Фреди, највисокото куче на светот
Кучето кое живееше во Есекс, Велика Британија со својата сопственичка Клер Стонмен, имаше 103,5 центиметри од стапалата до највисокото место на грбот, Кога би се исправил, Фреди би бил висок 226 центиметри.
Кучето живееше 8 и пол години, објавија од Гинисовата книга на рекорди.
Според Американскиот кинолошки сојуз, поголем број германски доги живеат меѓу 8 и 10 години.
-Тој беше мојот живот. Мојата радост. Мојата среќа и мојата крајна тага, рекла сопственичката на Фреди, Клер Стонмен.
https://www.instagram.com/p/CKppRUOhlEw/?utm_source=ig_embed