Зошто Фајзер го одложи доставувањето на вакцините?
На прашањето на ТВ 24 дали земји кои набавиле вакцини смеат да донираат или пак да препродаваат вакцини на други земји и кои се условите, како што е случајот со Србија и Македонија, од „Фајзер“ одговораат дека најважно е вакцините да бидат безбедно и навремено транспортирани и чувани во соодветни услови додека да стигнат до пунктовите за вакцинација, за што велат нивната компанија има развиено детален логистички план.
Еве што ни одговорија од европското претставништво на „Фајзер“.
– „Фајзер“ со задоволство прифаќа да се разговара за КОВИД вакцината којашто одредени земји би сакале да ја донираат на други земји каде што вакцината веќе има добиено регулаторна дозвола или авторизација. Важно е вакцините да останат во рамките на утврдениот синџир на снабдување за да можеме да обезбедиме дозите да стигнат до предвидените популации во добра состојба и да се администрираат онаму каде што е соодветна поддршката за давателите на здравствени услуги и каде будноста во фармакологијата е во функција, се вели во одговорот на „Фајзер“.
Од компанијата велат дека „Фајзер“ има развиено детални логистички планови и алатки со кои се обезбедува транспортот, чување и постојаното следење на температурата.
– Нашата дистрибуција е изградена на флексибилен, навремен систем кој ги испорачува смрзнатите дози до пунктовите за вакцинација, велат од „Фајзер“.