Инцидент на Бит-пазар: Три лица повредени

Вечерва  околу 21 часот на булевар Крсте Мисирков во автобус на ЈСП дошло до тепачка, при што биле нападнати и патниците внатре во автобусот. Инцидентот започнал на горниот кат во автобусот каде што имало навивачи, а тепачката продолжила и на долниот кат при што еден од учесниците го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка, односно автобусот удрил во друг, приватен автобус.

Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на постојката, а по пристигнувањето на полицијата се разбегале во различни правци.

Од полицијата информираат дека во инцидентот биле повредени три лица кои со возила на итна медицинска помош биле префрлени во Ургетниот центар.

За сега приведено е едно лице, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесниците во инцидентот.

 

Translate »