Сопругата на Апасиев им се налути на жените што го осудуваат доењето во јавност: Свртете глава ако не ви чини
Тамара Јованов, сопруга на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, деновиве е во центарот на вниманието на јавноста. Таа на Фејсбук објави статус во којшто пишува дека наводно на многу жени им сметало доењето во јавност. Тамара, која со Димитар го има синот Исак, вели дека нејзиното дете веќе има две ипол години, но дека таа и понатаму го дои.
Одамна веќе доењето во јавност не е табу тема, и многу честа е глетката на мајки коишто ги дојат децата во јавноста. Јованов пак тврди, дека и во 21 века се уште има жени кои го осудуваат доењето.
„Во државава многу жени се противници на доење на детето во јавност. Не било убава глетка. Дома да си седеле? А не им пречат децата што просат на улица или ѓубрето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа не коментираат. Тоа им е таман глетка? А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив. Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава. П.С. За таквите, поздрав од мене и моето дете – има 2,5 години и уште го дојам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката“, напиша таа.
Тамара, која е професорка на Економскиот факултет во Штип, од 2017 година е во брак со Димитар, а Исак е нивното прво дете.