Совети од психолог со кои ќе научите да живеете посреќно
Тие во текот на целиот свој живот се занимаваат со навиките на луѓето, па знаат кои се погрешните избори и одлуки кои што еден човек може да ги донесе. Низ целата своја кариера се сретнале со различни профили на луѓе, а едно е сигурно – психолозите ги знаат правилата за среќен живот.
1. И за тагата и за среќата сами сте одговорни. Кога ќе се најдете во тешка ситуација, тогаш треба достоинствено да се соочите со последиците. Соочете се со непријатните ситуации и обидете се да излезете како победник. Никогаш не дозволувајте некој друг да го префрли товарот на вас. Чувството на грижа на совест кое ќе ве следи низ годините не вреди – своите битки водете ги сами.
2. Прифатете го фактот дека минатото не може да се смени
Минатото е завршена работа, па затоа треба да остане зад нас. Имаме моќ да ја менуваме сегашноста и иднината, на тоа треба да се сконцентрирате.
3. Ослободете се од илузиите дека може да ги смените другите луѓе
Потсвесно, сите патиме од оваа наивна заблуда и како резултат добиваме вистинско патење. Само околностите ги менуваат луѓето, се останато е илузија. Иако делува дека сте успеале да промените некој, за неколку седмици тој повторно ќе се врати на старите навики.
4. Сите акции имаат одредени последици
Пред да направите нешто во животот, добро размислете на последиците. Така ќе направите многу помалку погрешни одлуки.
5. Не однесувајте се како животот да е вечен
Секој од нас еден ден го напушта овој свет, тоа е непроменлив факт. Не однесувајте се како животот да трае вечно, и не живејте како смртта да доаѓа утре. Рецептот за среќен живот е некаде на средината.
6. Слушајте ги сопствените желби
Потпрете се на вашето внатрешно чувство и оставете го нека ве води низ животот. Запомнете, во животот важно е тоа што ве прави среќни, а не тоа што околината го мисли.
7. Не трошете го вашето време на оние кои не им значите
На овој свет постојат многу луѓе со кои животот е вистинска радост, затоа не трошете го вашето скапоцено време на луѓето на кои не им е гајле за вас. Животот е едноставна работа кога ќе одлучите дека треба да биде таков и кога ќе почнете да се радувате и да го трошите вашето време на потребните работи.
8. Насадете растение, за кое ќе се грижите