Астрологот Ивелина Рускова советува -Посветете го денов на блиските и саканите

АСТРОЛОШКА ПРОГНОЗА ЗА 11-ти ОКТОМВРИ

Ова е период на постојано движење напред и нагоре!

Ова е ден за храброст, но и доброволни жртви и откажувања од материјалното. Активен и креативен ден.

Добро е да правиме физички вежби и да го поминеме времето надвор, на свеж воздух. Денеска мораме да бидеме чесни и фер,  дури и во малите работи. Групните активности се корисни. Ќе се доаѓа до добри резултати преку  колективните дискусии за проблемите. Во текот на денот  ќе почувствувате плима на многу чувства и емоции.

Посветете поголемо внимание на семејството и најблиските.

Внимание

Трудете се да избегнувате луѓе со кои ќе се чувствувате напнати и со кои не можете да најдете заеднички јазик . Избегнете ги на  дипломатски начин.

Предизвици

Денеска најопасни работи се:  лагата и ласкањето. Сите придобивки кои ќе ги добиете на тој начин , негативно ќе влијаат на вашиот авторитет.

Здравје

Стомакот и дванаесетпалечното црево се  ранливи и не се препорачуваат операции во тој дел(освен ако не се ургентни).
Зголемена е  чувствителноста на токсини, вклучувајќи алкохол и лекови.

Се препорачуваат третмани за  камења во  бубрезите и жолчката. . Избегнувајте процедури поврзани со  вода.

Ивелин Рускова, астролог
astroiva@abv.bg, 0888 99 057

 

Ивелина  Рускова е професионален астролог, обучен во астро центар Ураниум при Московската академија за Астрологија. Експерт е по  Елективна, Медицинсkа, Хорарна, Бизнис Астрологија и Синастрија (соодносите на партнерите,дали можат да имат стабилна врска )

 

 

Translate »