Револуционерно откритие во стоматологијата: Пронајден начин да ви пораснат заби за 9 недели
Модерна технологија и методата на д-р Мао даваат шанса во усната шуплина повторно да се развијат нови заби за само девет недели.
Откритието на д-р Џереми Мао од Универзитетот Колумбија, по се, изгледа е нова сензација и револуционерно откритие во медицината, а посебно во стоматологијата. Тој неодамна објави резултати од своето истражување за регенерација на забите.
Открил нешто неверојатно.
СО помош на скеле за заби кое содржи матични келии од организмот, ја користел својата ДНК и успеал да регенерира нови заби.
Ова откритие на модерната технологија ветува светла иднина во стоматологијата и во човештвото воопшто. Модерната технологија и методата на д-р Мао даваат шанса во усната шуплина повторно да се развијат нови заби за само девет недели.
„Обновувањето на извадените заби трае точно девет седмици. Уредот – скеле за заби со матични клетки треба да биде поставено на подрачјето каде нема заби.
Во првата фаза организмот ќе се навикне, а потоа ќе ги прифати клетките и ќе ги регенерира забите.
Едноставно, матичните клетки од вашиот организам, се користат за замена на забите што недостасуваат. Потоа, забот станува едно со околното ткиво. Тоа е многу едноставно. Тоа ќе го подобри процесот на регенерација и ќе резултира со брзо заздравување“, објаснува д-р Џереми Мао.