Трагичната љубовна приказна на комичарот Џим Кери која заврши со самоубиство
Кралот на комедијата има потресна љубовна приказна зад себе – жената што ја обожавал си го одзела животот и оставила порака дека тој ја уништил.
Џим Кери и Катриона Вајт се запознале во 2012 година на снимање на еден филм. На сетот таа работела како шминкерка.
Уште кога започнала нивната врска пријателите на актерот биле скептични за неговиот избор. Многумина од нив биле убедени дека Вајт го користи само за да стекне слава во Холивуд.
Врската била нестабилна, тие се разделиле во март 2013, па се смириле повторно во мај 2015, но и двајцата биле во сериозна депресија и не можеле да си помогнат еден на друг.
По уште една во низата кавги и раскинување на врската, Вајт одлучила да крене рака на себе. Таа починала на 28 септември 2015 година по земање на смртоносна доза на лекарства.
Пред смртта оставила порака дека Џим Кери ја уништил како личност и дека тој комплетно ѝ го уништил животот.
Според американските медиуми, во пораката пишувало:
„Минав 3 дена во неверување дека ти не си тука. Можам да одам со скршено срце и да се обидам да ги составам деловите. Можам, но немам волја овојпат.
Жалам што чувствуваше дека не бев тука за тебе. Се обидов да ти ја дадам мојата најдобра страна“.
Вајт била лудо вљубена во Кери, но нивната врска била ролеркостер, а таа го врзала својот идентитет за неговиот, па така полека се губела себеси.
По смртта на Катриона, Џим изјави дека е длабоко трогнат и дека таа била пречувствителен ирски цвет за овој свет.
Потоа, во јавноста излезе информацијата дека иако Катриона се гледала со Кери, таа всушност била во брак со холивудскиот камерман Марк Бартон.
Но, адвокатот на Кери тврдеше дека бракот ѝ бил само поради зелена карта во САД. Кери бил фотографиран како се бакнува со Катриона на 15 јануари 2013, само еден месец откако стапила во брак со Марк.
Актерот изјави дека таа престојувала во неговиот дом, тој ја издржувал финансиски и не знаел никакви детали за нејзиниот брак со Марк, туку за тоа дознал дури по нејзината смрт.
Инаку, поранешниот сопруг на Вајт, Марк Бартон, потоа го обвини Кери дека тој на илегален пат ѝ обезбедувал лекарства кои можеле да се добијат само на рецепт. Заедно со мајка ѝ на Вајт тие во 2016 година покренале и тужба против актерот.
Двајцата тврделе и дека Џим Кери ѝ пренел на Вајт низа секусални болести, но потоа сето тоа со соодветни докази било отфрлено.
Инаку, Џим Кери бил длабоко погоден од нејзината смрт и го носел ковчегот кога таа била погребана во нејзината родна Ирска. Бил лут и бесен што против него се креваат лажни обвинувања за жената што ја обожавал.
izvor Crnobelo.com