Патувањата нè збогатуваат, а во земјава има толку многу места кои не сме ги виделе!
Сеќавањата од патувањата се вистински извор на среќа, искуство кое ќе остане со нас целиот живот. Краткотрајната дисконектираност од нашата нормална средина на која веќе сме се адаптирале е одличен начин за креирање среќни и трајни сеќавања кои тешко се забораваат или се заменуваат, вели 80-годишен истражувач од Универзитетот Харвард Волтер Валдингер кој има докажано дека луѓето кои често патуваат и кои на тој начин се поврзуваат со нивните семејства, пријатели и другите луѓе се најздрави и најсреќни.
Патувањето не носи на нови предели и не прави побогати со нови искуства и спомени.Па ако е тоа така зошто да губиме време! Доволно е да одбереме некое место каде сакаме да ги поминеме деновите од одмор, па макар и викендите. А денес како никогаш досега се ни е пристапно и блиску и тоа во нашата убава Македонија.
Благодарение на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), многу туристички локации и понуди се подобрени и збогатени со цел зголемување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој. Проектот е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, се администрира преку Светска Банка, а се спроведува преку Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.
Вештината набрзина да се спакувате и да влезете во автомобилот станува лесно изводливо. Со брзина на светлината ги пакувате куферите со најнеопходните парчиња облека, го вклучувате омилениот музички албум и го напуштате секојдневието во градот. Близината на Маврово, Шапка ни ги олеснуваат одлуките за тоа „каде да киднеме“ на викенд, а за одмор тука е Охрид, Дојран или Струга.
На пример, во кампот СКАУТ во Струга, https://camp.mk/можете да возите кајак, да нуркате и да бидете сместени во несекојдневни сместувачки капацитети, по желба во шатор иливо куќичка на дрво, и да имате активен и авантуристички туризам поблиску до природата во една уникатна средина.
Во Струга може да се видат и праисториските населби кај локалитетите „Уста на Дрим“ и „Црковни ливаѓе“, како и богатиот подводен археолошки локалитет „Врбник“.
Тука е и дел од патот Виа Егнација кај с. Радожда, кој ги поврзувал двете Римски Кралства; ранохристијанските базилики во селата Октиси и Радолишта со стари подни мозаици, преку црквите градени уште во средниот век со иконописите стари повеќе од 7 века, на чело со иконата на Св. Ѓорѓија во истоимената црква, до пештерните цркви градени тајно и скришно во турско време; а тука се и малиот амам и „Халвети“ теќе од времето на Османлиите.
Кој е вашиот туристички фаворит?