Фатмир Битиќи: Старт-ап компаниите се сегмент околу кој треба да се гради стратегијата за развој на домашната економија во иднина

Старт-ап компаниите, младите иновативни претприемачи се важен сегмент околу кој треба да се гради стратегијата за развој на домашната економија во иднина. Нивните иновативни методи, силен ентузијазам и генерално доброто разбирање на економските текови се нивна предност и значаен конкурентен адут. Следниве неколку дена заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров ќе посетиме неколку универзитети и акцелератори за поддршка на старт-ап компаниите. Ќе се запознаеме со Израелските искуства, а воедно ќе ги презентираме можностите за инвестирање во Северна Македонија пред претставници на водечки инвестициски фондови и стопанственици.

Фејсбук статус

Translate »