Малку поинаков летен одмор! Разбуди го возбудливото.
Најчеста асоцијација за летен одмор, е престој на плажа покрај море! Но, ќе се согласите дека тоа е дел од вашата летна рутина веќе со години. Различна може да биде само дестинацијата. Нема ризик и авантура, што создава и недостаток на спомени на кои долго ќе се сеќаваме и ќе ги раскажуваме. Можеби баш оваа година Ви треба нешто различно, интересно….место, со прекрасна глетка, мир и изобилие на преубава природа…. А такви места во Македонија има во изобилие!
Не ви треба ПСР текст, ниту Ковид сертификат, треба само да се има авантуристички дух, ентузијазам и желба за истражување. Предлози има многу, а како предлог викенд место би го препорачале Маврово и Реканскиот крај, кој е посебна приказна. Галичник, Лазарополе, Ростуше каде и да отидете во овој реон загарантирано ќе ги наполните батериите и ќе се одморите. Ако се решите за Галичник, со Шерпа можете да доживеете едно сосема поинакво искуство, а тоа е јавање коњи по падините на Бистра. Со Шерпа ќе уживате во природните убавини кои ќе ве остават без здив, може да се запознаете со техниките на традиционалното одгледување овци и производство на сирење, да дегустирате локална свежа храна, да кампувате во планина и да доживеете неповторлива авантура. https://www.horseriding.com.mk/
Сето ова сега е организирано и овозможено благодарение на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), кој е финансиран од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. Целта на овој проект е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор Дознајте повеќе на: https://lrcp.mk/