Д-р Петличковски: По 6 месеци имунитетот од вакцината слабее затоа се препорачува трета доза
По шест месеци имунитетот од вакцината слабее, покажуваат научните истражувања, па затоа се препорачува трета „бустер“ доза, вели Д-р Александар Петличковски, Директор на Институтот за имунобиологија.
Освен тоа што компанијата „Фајзер“ е најдалеку во однос на истражувањата за трета доза, според Д-р Петличковски се очекува токму „Фајзер“ дозата да даде засилување на имуниот одговор и кај оние граѓани кај кои двете дози од било која вакцина не постигнале солиден ефект.
Според Д-р Петличковски, колку повеќе време ни треба за имунизирање на голем дел од населението, толку повеќе простор му се дава на вирусот како за ширење, така и за создавање на нови варијанти.