Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово прогласен за најдобар ресторан во светот
Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово вчера беше избран за најдобар ресторан во светот.
Веста беше објавена преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм од официјалната веб-страница на „Нома“. На видеото кое беше објавено се гледа персоналот на ресторанот како ја слави оваа голема победа.
blob:https://www.facebook.com/38e80799-c3c9-44d6-874b-8530b737514c
Ресторанот на 43-годишниот Рене Реџепи кој се наоѓа во Копенхаген, беше избран за најдобар помеѓу 50-те најдобри ресторани во светот, долгоочекуван кулинарски настан кој е спонзориран од С. Пелегрино и Аква Пана.
Настанот се одржа во Антверпен, а истиот започна на 3-ти октомври и заврши вчеравечер со големото финале и победата на Реџепи.
Рене Реџепи e еден од најистакнатите готвачи на светот. Роден е во Копенхаген, a потекнува од тетовското село Џепчиште. Голем дел од детството го поминал во Џепчиште, комбинирајќи го со Данска во остатокот од годината. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење, пренесува „Независен“.
Во 2011 година е избран за „Најдобар готвач на светот“, а неговиот ресторан „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и Мишелинови ѕвездички. Во 2012 година е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено и на насловната страница на весникот „Тајмс“.
https://www.facebook.com/v2.8/plugins/post.php?app_id=1287650217981838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df2a43845b0a983%26domain%3Dtocka.com.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ftocka.com.mk%252Ff2fc4f27ff397f%26relation%3Dparent.parent&container_width=750&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fnomacph%2Fposts%2F3837048456381286&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=true&width=500