Големи ѕверства се случуваат во Јужен Судан
Жртвите на судирите во Јужен Судан изнеле сведоштва за страшни масовни силувања и убиства.
Во граѓанската војна во таа земја, убиени биле десетина илјади луѓе, а милиони биле принудени да ги напуштат своите домови. Една жена, која преживеала, но изгубила се во судирите, изјавила: “Подобро ќе беше да ме убиеја”.
Инспекторите на ОН се фокусирале на период од пет недели во април и мај, кога владините сили и сојузниците ги нападнале селата под контрола на опозицијата на југот на државата. Во тој период биле убиени 232 цивили.
“Некои биле обесени на дрва, а други биле живи запалени во нивните домови”, се наведува во извештајот.
14-годишно девојче изјавило дека никогаш нема да ги заборави ѕверствата кои ги видела.
South Sudan atrocities may constitute war crimes, UN says https://t.co/3Vgj13FyaW
— catherine_tt (@catherine_tsr) July 10, 2018
“Како би можела да го заборавам моментот кога на еден старец му го пресекоа грлото и потоа го запалија? Како да го заборавам мирисот на распаднатите тела на старците и децата кои ги јадеа птици? Или жените обесени на дрво?”, рекло девојчето.
Околу 120 девојчиња и жена претрпеле силување и групно силување. 20-годишна жртва раскажала: “Уште крварев по породувањето и еден од војниците ме силуваше. Молчев и не се спротивставував бидејќи видов дека убиваат жени кои пружаат отпор”.
Јужен Судан стана независна држава во 2011. година. Уништен е во граѓанската војна во која беше извршено етничко чистење и бројни други злосторства.
Војната започна кога претседателот Салва Кир го отпушти својот заменик Риека Мачара и го обвини дека планира државен удар. Неколку обиди за сопирање на војната пропаднаа.
Во јуни двајцата лидери потпишаа договор за прекин на огнот во главниот град Картум, но уште не е постигнат мировен договор.