Шакира во Турција ја пречекаа со баклава
Шакира отпатува во Турција заедно со своите синови Милан и Саша по повод нејзината турнеја „El Dorado“.
Музичката ѕвезда беше фотографирана во светло лежерно издание додека со малите дечиња го разгледуваше градот од брод и се упатуваше на пробите за концертот.
Славната колумбијка во Истанбул беше пречекана еуфорично од голем број фанови и претставници на медиумите. На фотографиите од пречекот, таа во рацете држи традиционален турски десерт – баклава.